Ова е мој начин на спремање на батаци било да се пилешки или мисиркини.
Вкусот е преубав, жалфијата и рузмаринот си го прават своето.

Батаците премачкајте ги со сенф, посипете ги со мешан сув зачин и мелен црн бибер.
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее и додајте ги батаците.
Запржете ги од сите страни, а потоа намалете го оганот на најтивко и додајте ги соја сосот, ворчестер сосот и ливчињата жалфија искинати на помали парчиња.
Оставете ги малку да провријат со сосовите , а потоа налејте топла вода и покријте со капак.
Гответе ги на среден оган со повремено превртување.
Откако батаците ќе почнат да омекнуваат додајте ги компирите и морковите исечени на покрупни парчиња и гранчето рузмарин.
По потреба налевајте вода додека батаците убаво омекнат.

Послужете ги со свежа сезонска салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани