1. Брашното, шеќерот, путерот и јајцето се ставаат во сад и смесата се меси додека не се добие мазно и сјајно тесто. Тестото се сплескува во рамна кора со дебелина 1 цм и се става во најлонска фолија да стои во фрижидер 30 мин.

2. Откако ќе помине времето, тестото се сука до дебелина 5 мм. Во претходно намастени калапчиња се формираат мини питите.

3. Млекото се топли на тивок оган и во него се додава шеќерот. Внимателно се додаваат претходно изматените жолчки и се меша на оган додека не се добие густ крем.

4. Кошничките се полнат со иситнетото црвено овошје. Откако ќе се олади кремот, истиот се прелева над овошјето.

Се пече во загреана рерна на 190Ц - 25 мин.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови