Во тенџерче на оган ставаме да се стопли млекото и водата заедно. Во длабок сад ставаме 1 кг брашно, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 200 мл.масло за готвење и квасецот претходно растопен во малку млако млеко. Замесуваме тесто и го оставаме да стаса 20 минути. Потоа земаме од тестото и расукуваме кора со дебелина од пола сантиметар. Сечеме кругови со чаша. Половина од круговите ги сечеме на средина со помала чаша(за ракија) и ги спојуваме така што одоздола иде целиот круг, а одозгора кругот со отвор. Ги редиме во тепсија. Насредина ставаме кечап, потоа шунка и на крај кашкавал. Ги печеме мини пиците во загреана релна на 200 степени околу 30-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови