Брашно, пецивото, маргаринот, шеќерот, јајцата ги замесуваме и го додаваме млекото. Месиме додека не добиеме глатко тесто, кое го оставаме во фрижидер 30-на минути.
Во меѓувреме ги лупиме јаболката и ги рендаме, па заедно со шеќерот ги ставаме во тенџере на оган, ги пржеме додека не се згусне смесата и го додаваме цимето. Кога ќе бидат готови оставаме да се излади така добиената смеса.
Го вадиме тестото од фрижидерот и со сукалка сучиме кора дебела околу еден см, и со калапчиња, т.е металните корпички вадиме форми и секој добиен дел го ставаме во намрсена и набрашнета метална корпичка. Ја полниме со филот од јаболка и ја затвораме со тесто.
Печеме околу 20-на минути во загрена рерна,топли ги вадиме од калапчињата и ги декорираме по желба, може со шеќер во прав, со чоколада...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови