Превкусни мини крофнички, можете да ги валкате и во шеќер во прав, да им ставите чоколаден прелив, да додадете во шеќерот и ванила. Секој според вкусот. Одлични се за вкусен појадок или вечера, во комбинација со чаша млеко.

Подготовка -
1. Во млакото млеко ги додаваме шеќерот и квасецот, мешаме и оставаме 5-10 минути да се активира квасецот.
2. Маргаринот го топиме (млак), го ставаме во сад за месење, ги додаваме јајцето и жолчките, миксираме, па ги додаваме останатите состојки. Замесуваме глатко нелепливо тесто. Го покриваме со стреч фолија и го оставаме околу 1 час на топло место да стаса.
3. Потоа стасаното тесто го ставаме на набрашнета работна маса, набрашнуваме и одозгора и расукуваме кора.
4. Со помош на мала ракиена чашка вадиме мали крофнички. Ги редиме во некој сад, и ги покриваме да стасаат (10-15 мин).
5. Пржиме во загреано масло на средна температура до заруменување од двете страни. Ги вадиме врз хартиена салфета.
6. Топлите крофнички, веднаш ги валкаме во шеќерот. Ако се оладат нема да се залепи шеќерот.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани