Најпрво подгответе го чоколадниот прелив. Во тенџере измешајте ги какаото и шеќерот, па додате ги водата и солта. Откако ќе зовријат, варете ги на тивок оган 4-5 минути, мешајќи постојано. На крај ставете ја ванилата.
Сипете го сирупот во еден сад (јас го чувам во тегличка) и оставете го да се излади за да ја добие потребната густина. Вака подготвениот сируп може да стои во фрижидер до еден месец.

За крофните изматете ги наведените состојки. Може да се изматат и со миксер. Ставете дел од тестото во калапот за крофни и почнете со пржење во загреано масло. Испржените крофнички вадете ги на кујнска хартија.
Сервирајте ги со шеќер во прав и со претходно подготвениот чоколаден прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани