1. Топлото млеко, квасецот и 500г брашно се замесуваат и се чека да стаса.
2. Жолчките се матат со миксер заедно со шеќерот, а белките се матат во цврст снег посебно со солта.
3. Во стасаното тесто се додаваат жолчките и омекнатиот путер и се промешуваат, потоа се додаваат белките, останатото брашно и ванила-шеќерот и па убаво се промешуваат и се чека да стаса.
4. Сувото грозје и сувите кајсии се полеваат со врела вода за да се омекнат. Кајсиите ситно се сецкаат, потоа овошјата се валкаат во брашно и се додаваат во нараснатото тесто и повторно се замесува и се чека да стаса.
5. Готовото тесто се става во висока тркалезна тава за печење или куглоф и се пече 45 минути на 180 степени.
6. Милибродот се премачкува со масло и се посипува со украсните трошки. )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови