Салатата е по ваш избор. Може секаков вид на зелена салата (марула, марула со црвен лист, аругула...)
За преливот сите состојки ставете ги во блендер и изматете додека се убаво се соедини.
Џигерот повегетете го, побиберите, додајте лук во прав и нежно попрскајте со презла.
Испржете го на маслиново масло.
Во чинија ставете салата, прелијте ја со припремениот прелив и декорирајте ја со испржениот џигер.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани