1. Чоколадата се топи на пареа и се остава настрана.
2. Во посебни садови се одделуваат белките и жолчките од јајцата.
3. Белките се матат со миксер додека не се добие цврста пенеста смеса.
4. Во посебен сад се матат жолчките и шеќерот додека не се добие кремаста смеса. Потоа се додава растопената чоколада, еспресото, млекото, чилито и циметот и се заедно се меша со миксер додека не се добие хомогена смеса.
5. Во така добиената смеса се додаваат белките и се меша со шпатула додека сите состојки од мусот не се соединат.
6. Добиениот мус се става во чаши за сервирање кои се оставаат да отстојат во фрижидер најмалку 3 часа.
* Пред сервирање во чашите со мус се става кокос и декорација по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани