Одличен рецепт за деновите на пост, но и потоа. Салата изобилува со богати бои и вкусови.
Доматите се сецкаат на поситни коцки.
Се отстранува семката од маслинките и се сецкаат (користам обично каламата).
Пченката се вари, се цеди и лади на цедалка и се додава на маслинките и доматите. Интегралниот ориз се вари 15-тина минути да омекни и исто така се мие , се цеди и се додава на останатата смеса. Кромидот и магдоносот ситно се сецкаат и се додаваат на целата смеса.
Смесата се меша убаво и се зачинува со маслиново масло (може црн пипер и сол по вкус).
Најдобро е да се конзумира веднаш откако ќе се приготви.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови