Подготовка:
1. Во млакото млеко ставете го квасецот и шеќерот и оставете го да се активира.
2. Во него додајте го маслото, водата и јајцата и измешајте. Додајте го и брашното и солта и измесете меко нелепливо тесто, покријте го и оставете го да се дуплира во волумен.
3. Поделете го на парчиња, јас на 35 и од нив со рака направете топчиња.
4. Секое топче тесто расучете го во кружна форма, на средината намачкајте го со малку путер, ставете го сирењето, од левата и од десната страна свиткајте го по малку навнатре, па во ролатче.
5. Медот растворете го во водата, па секое ролатче прво макнете го во водата па наросете го од сите страни со сусам.
6. Пред печење треба да искиснат. Откако ќе ги направите сите, после дваесетина минути, вклучете ја рерната на 200 степени. Кога ќе се загрее пред да ги ставите кифличките да се печат, одозгора засечете ги по малку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови