Брзи мекици за појадок од едноставни состојки што сите ги имаме дома. Се спремаат за 20 - 30 минути, од оваа доза имаме 15 парчиња.

1. Јогуртот и јајцето се матат со маталка. Се додава и пециво и сол, па се изедначува. Потоа полека се додава брашно, па со рака се замесува тесто, помеко.
2. На набрашента маса се расукува и се сечи на 15 дела. Во загреано масло се пржат мекиците, додека добијат златна боја.

Послужете со што ви душа сака и на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови