Парчето свинско каре го сечеме на шницли. Ги посолуваме шницлите, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги толчиме. Шницлите од едната страна ги свалкуваме во брашно и ги пржиме во тава со растопен путер на оган. Испржените шницли ги ставаме во огноотпорен сад, кој го покриваме со капак за шницлите да останат топли.

На преостанатата мрснотија во тавата ги ставаме маринираните печурки да се пржат. Во тавата ги додаваме ренданото морковче и ситно сецканиот кромид. Јајцето го матиме, го додаваме во тавата со печурките и месаме со лажица. Претходно испржените шницли во намрсена тава за печење. Врз секоја сницла ставаме по еден круг просуто или шунка. Секој круг просуто со лажица го премачкуваме со сенф. Потоа со лажица врз круговите просуто нанесуваме од испржените печурки со јајца.Тавата за пржење ја враќаме на оган и во неа ги додаваме слатката павлака и преостанатиот сенф и мешаме со жица за матење. Додаваме 1 лажица брашно и промешуваме со жицата. Откако сосот ќе ја добие потребната густина, нанесуваме врз печурките. Врз сосот ги нанесуваме парчињата кашкавал. Врз кашкавалот го нанесуваме преостанатиот сос. Врз сосот со лажица нанесуваме лебни трошки и зачинуваме со мелен црн пипер. Тавата за печење ја ставаме во рерна и печеме 15-ина минути на 225°.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови