Едноставен, брз преубав колач, а неговата подготовка оди вака...
Пудингот го подготвуваме на едноставниот и веќе познат начин, според упатството на ќесичката. Се разбира во него додаваме и шеќер.
Путерот пенесто го матиме со шеќерот во прав. Двата фила ги соединуваме кога ќе ни се излади пудингот.
Во филот ги додаваме кршените бисквити, сецканите медени срца и пасираните банани.
Сето тоа убаво соединете со филот и истурете во тавче кои на вас ви одговара и со каква височина сакате колачот да ви биде. Врз колачот изматете и премачкајте слатка павлака.
Декорирајте по желба сечкани ореви или топена чоколада.
На здрваје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани