Гозбаааа...... Прво измиеното парче месо од дивеч го сечеме на парчиња, кај мене беше таман за прави медаљони. Во еден сад налеваме оцет, вино, додаваме исчистен и исецкан на крупно зеленчук, кромид, морков, целер, лук, зрна бибер, ловоров лист, мајчина душичка, рузмарин.пимент, каранфилче.. Тука ги додаваме парчињата месо и додаваме вода колку да се покрие зајрето. Го оставме садот да одстои во фрижидер најмалку 24 часа, а најмногу 48 часа. Потоа во тава ставаме масло и путер. Месото го просушуваме на кујнска крпа од маринадата. Секое парче го запржуваме од двете страни по малку. Го ставаме во сад на страна. Сега во тавата каде пржевме ако недостасува маснотија додаваме малку. Тука ја пржиме сецканата сланина и сецканиот праз. Го додаваме и сецканиот зеленчук Јас дел ставив во нутрибулет и го исецкав ситно, дел на парченца....пиперка, црн домат, па доматното пире, хариса паста и магдонос Ги додаваме и црните сливи. Подлеваме малку со вода, за да се изедначат состојките. Се заедно соединуваме во тавата каде ќе го печиме месото, пожелно е да биде со капак, како пекач или земјена тава, како кај мене. По потреба подливаме со маринадата каде стоеше месото или со претходно подготвен бујон. Повремено промешуваме или го протресуваме садот. Оставаме на тивок оган во рерната да крчка од 3-4 часа. Еден час пред да биде готово месото ги додаваме излупените и на коцки исецкани компири. Сервираме топло и послужуваме. На здравје