Меки, вкусни и неодоливи, вистинско слатко задоволство! Подготовката воопшто не е комплицирана.

Во длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте со рака, потоа додадете го киселото млеко и обичното млеко и замесете меко тесто. Покријте го со фолија и оставете го да одмори пола час.

На работна површина расукајте кора дебела околу 1 цм и вадете кругови со помош на чаша ( јас употребив чаша за чај, бидејќи се пошироки).

Во тенџере на оган ставете масло убаво да се загрее и пуштејте ги крофните да се пржат, прво од едната страна, па од другата.

Крофните вадете ги на хартија за да се впие маслото.

Уживајте во овој вкусен десерт!

Забелешка
Крофните може да ги полнете со вашиот омилен крем или џем, а може и така да се јадат, бидејки и без ништо се превкусни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани