Ги кршиме јајцата и ги делиме жолчките од белките. Жолчките ги матиме заедно со шеќерот. Кога убаво ќе се изматат го додаваме млекото млако и се продолжува со матење. Го додаваме брашното и пецивото. Пандишпанот го ставаме да се печи. Во меѓувреме ги матиме белките со 8 лажици шеќер. Кога пандишпанот е при крај со печењето го вадиме од рерна и одгоре го премачкувамке со белките. Го враќаме до рерна да се допечи. Кога е печено одгоре го премачкуваме со растопено чоколадо. Го сечиме на ромбоиди.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови