Измешајте ги сувите состојки а во средината истурете го квасецот со малку топла вода и растопениот путер. По 5 мин. додадете ги и останатите состојки и со останатата топла вода замесете го тестото и оставете го на топло место да се дига околу 30 мин.
За тоа време припремете го филот. Издробете го сирењето или нарендајте го кашкавалот. Ги пробав и со сирење и со кашкавал, подеднакво се добри. Изматете со јајцето и додадете го нарендан сувомеснатиот производ кој вие сте го избрале. По потреба посолете.
Готовото тесто разделете го на 12 дела. Со помош на дланката развлечете круг од тестото и ставете 1 лажиче од филот, па убаво затворете го во вид на топче и поставете го во модлата за мафини,која предходно сте ја премачкале со путер, со свитканата страна на долу.
Мафин погачките премачкајте ги со јајцето и наросете одозгора по желба и оставете ги така уште 15на мин. Печете на 180 степени околу 30 мин.

Овој рецепт го приготвив специјално за да го испробам чурекот и го посветувам на ЛилиН. ЛилиН, и јавно, ти благодарам од срце!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани