Мафините се по мој избор од претходно испробан рецепт за мафини обогатени со карамел крем Dulce de leche, дополнително ги филував најгоре.
1. Вообичаената постапка- калапот за мафини се премачкува со путер и се наросува брашно, или другата опција е во соодветни книжни корпици.
2. За смесата се мати јајцето со шеќерот, се додава млако млеко, растопен путер, на крај брашното со печиво

2. Секое калапче се полни 2/3, се додава најгоре по1/4 лажиче од крем карамелот, се ставаат да се печат на 180 степени додека добијат руменкаста боја. Јас направив 24 парчиња од оваа доза.
3. За фил најгоре се мати прашокот за шлаг со ладно млеко и се додава лажица од крем карамелот. Ладни се филуваат со шприц најгоре, доколку сакате украсете дополнително.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови