1. Во длабок сад убаво изматете ги јајцата со миксер. Потоа, додадете ги ситно сецканиот праз, јогуртот, белото бршно, хељдиното бршно, пецивото и солта. Матете уште неколку минути за да добиете еднолична смеса.

2. Ставете ги прво корпите во калапот за мафини, па потоа полнете ги со смесата. Печете на 220 степени околу 10 минути.

Оваа смеса е за 12 мафини

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани