1. Во сад со вилушка се матат јајцата и млекото.
2. Во друг сад со миксер се матат путерот, шеќерот и ванилите да се добие изедначена смеса. Се додаваат предходно изматените јајца и млеко, се продолжува со матење убаво да се соединат.
3. Се додаваат брашното, пецивото, содата и сецканата чоколада и со најмала брзина на миксерот кратко се меша.
4. Се полнат калапите обложени со хартиени кошнички, се става по неколу коцки сецкана чоколада и се печат на 180 степени 20-25 минути.
5. Се исклучува рерната и мафините се оставаат уште 5 минути во рерна.
6. Оставете ги да оладат и послужете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови