Во сад го дробиме лебот на ситни парчиња.
Ги додаваме млекото и јогуртот.
Оставаме 10 минути лебот да омекни.
Во сад настрана ги матиме јајцата, го додаваме сирењето, кашкавалот, саламата и зденките. Убаво ги соединуваме состојките и ги додаваме во смесата со лебот млекото и јогуртот. Мешаме за сето да се соедини. На крај додамаме оригано и по желба кечап. Ги намрсуваме калапите и ги полниме со смесата. Печиме 40 мин на температура од 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови