Декоративни и вкусни колачи, кои се убави и за празнична трпеза

Во касерола на оган се ставаат шеќерот, водата, чоколадото и маргаринот да се соединат и да провријаат на тивко 4-5 минути.
Се трга од оган, па се додаваат бадемите и бисквитите.
Се остава смесата малку да се излади.
За тоа време марципанот се сечи на мали коцки, од прилика 1*1 цм, и во средината на секое парченце, се става еден лешник и се прави мала бомбица.
Сега таа мала бомбица се облепува со млаката смеса.
Се формира голема бомбица и се валкаат во чоколадни трошки.
Се оставаат на ладно најмалку 2-3 часа, за да се стегнат, а потоа се сечат на половина.
Се сервираат со останатите празнични колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани