Мултикукерот конечно најде некаква употреба кај мене. Таман за мала доза на слатко колку што ни е нам доволна и таман за нешто да го искористам, бидејќи чистењето на прегибните делови за мене е комплицирана работа и јас го избегнувам за секојдневни активности, но се восхитувам на оние кои знаат да го практикуват. Се надевам дека ако имам прилика ќе пробам и ајвар во него.

Подготовка

1. Сомелените смокви се варат во Мултикукерот на програмата за Џем со повремено отворање и мешање.

2. По 20 минути се додава исцедениот сок од портокал и кога ќе доврши програмата (која трае 30 мин.) се пушта уште еднаш одново.

3. По 10 минути се додава шеќерот, а по следните 10 кората од портокалот и ванилиниот шеќер.

4. Слаткото се бери жешко во суви и чисти тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови