Ова е едно од моите омилени јадења.
Го сецкаме кромидот и го пропржуваме, го додаваме исчистениот и измиен спанаќ да се обари. Потоа се додава оризот, се пропржува уште малку, па се налева вода, се посолува и се остава да се свари оризот.
Откако оризот ќе биде сварен, ја запржуваме манџата. Јас си направив запршка само од зејтин и црвен пипер, без брашно бидејќи ми беше густа манџичката. Двете јајца ги разматуваме и ги додаваме во маџата на крајот, нека постои на исклучена рингла манџата уште кратко и јадењето е готово.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови