Најпрво ситно исецкајте ги спанаќот, кромидот и тиквичката на коцки. Морковот изрендајте го.
Во поголемо тенџере ставете го маслиновото масло да се загрее, па додадете го кромидот и меленото месо да пржат додека испари течноста. Потоа додадете ги оризот, тиквичката и морковот, па пропржете ги неколку минутки пред да го додадетеспанаќот и 1 чаша вода. Мешајте додека издинста, па додадете го доматното пире и уште 2-3 чаши вода. Ставете ги зачините, кои секако можи да ги измените или регулирате спрема ваш вкус доколку сакате и оставете го да вари со повремено мешање на среден оган. Пред крај, црвената пипер растворете ја во вода или пак запржете ја во малку масло и додадете ја во манџата. Ако правите запршка, можи да ставите и едно кафено лажиче брашно за погуста и покремаста структура на јадењето

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани