Се меси убаво тесто од наведените состојки и се остава покриено еден час да одмори.
Потоа тестото се премесува и се вадат делчиња со големина на орев (јас ги мерев со отприлика 14 гр)
И се редат во плех обложен со пек-хартија.

Се печат во загреана рерна на 180С додека подотемнат. Времето не е мерено, ќе треба одокативно, но сепак се работи за кратко печење.

Откако се печени се спрема снегот за глазирање.
Се матат белките со миксер и потоа им се додава шеќерот во прав.
На крајот се додава сокот од лимон и се меша уште 15-20 мин на пареа.
Мешањето правете го на кратки периоди со лажица или миксер. Јас користев и лажица и миксер според потребата, бидејќи смесата се згуснува и се лепи на садот.

Ставајте на 2-3 пати во садот од медењаците и обложете ги од сите страни. Со прст или некоја алатка отстранете го вишокот и оставете ги врз пек хартија или целофан да се сушат. Работете брзо додека е топла/жешка смесата.
Смесата е густа, така да не очекувајте мазна, ами ќе добиете една рустична глазура врз нив.

Откако ќе се исушат на едната страна, превртете ги за да се исушат и од другата.

За мене овие медењаци испаднаа на текстура и на вкус подобри и од оние купечките.
Глазурата е малку напорна за спремање и всушност само таа одзема време и поголемо внимание, но од срце ви ги препорачувам барем еднаш да ги пробате. Верувам дека нема да ве остават рамнодушни воопшто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови