Ако сте подготвени за малку повеќе време во кујната, верувам дека ќе се исплати. Така кажаа и дамите и господата од дружењето на МоиРецепти (иако заминав порано, фалбите стигнаа до мене)

1. Жолчките и јајцето се мешаат со лажица.
2. Маста се растопува и се остава да се излади. Се цеди и се меша со јајцата.
3. Во смесата се додаваат помешани пченкарното брашно, прашокот за пециво и брашното (не цело) до добивање потврдо тесто.
4. Тестото се размесува 50 мин. додека смесата не стане жолта.
5. Се зема филџан (големина во зависност од тоа колкави сакате да се парчињата) и се полни со смесата. Се празни во тепсијата и се редат едно до друго (може малку да се исплескаат за да се рамни ама и не мора) и се пече 3 саати на 100 степени.
6. Шеќерпарето се остава да излади половина час. Меѓувремено се прави шербетот, водата се проврира со шеќерот и се додаваат 5 капки лимон (не да вари)
7. Шербетот се остава да се излади малку и се попарува полека со ѓезве капка по капка. Прво се искористува половина од шербетот. Од време на време се достава шербет (таман кога ќе впие малку да се попари повторно). Се покрива со тепсија и се остава да отстои 5 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови