Подготовка
Осумте белки се матат со 75гр шеќер, во друг сад се матат осумте жолчки со 75гр шеќер се мешаат. На оваа смеса и се додава 300гр брашно и се мешаат повторно, на крајот се става пецивото. Индијанките се формираат со лажичка и се пуштаат во плех со хартија, се печат на 180 степени 15минути.
Фил
Од млекото оделуваме 200 мл и го мешаме брашното и какаото да се разбијат грутчиња. Оваа смеса ја сипуваме во зовриеното млеко со шеќер, тргаме на страна, го додаваме и чоколадото. Смесата покриена ја ладиме. Маргаринот го матиме додека не стане пенаст и го додаваме во ладниот фил и повторно матиме, овде ги додаваме и ванилиниот шеќер.

Со фил полниме шприц и ги формираме индијанките, украсуваме по желба. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани