1. Месото се сече на коцки како за гулаш. Се става на оган да се пропржи заедно со лукот и откако ќе пушти вода се зачинува по вкус се додава ловоровиот лист и се динста во сопствената вода 10-на минути.

2. Во меѓувреме додека се динста месото го сечкаме зеленчукот на не многу тенки парчиња за да не стане како каша. Месото и зеленчукот ги ставаме во земјена тава.

3. Коцката за супа ја раствораме во 150 - 200 мл вода. Со доматното пире и растопената коцка за супа го полеваме зеленчукот и месото. Се пече околу 1 час со затворен капак или се затвора со алуминска фолија. Неколку минути пред да биде готово се остава малце да се запече.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови