Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги макароните да се варат.
Во тава на оган ставете го искинатиот спанаќ.
Откако ќе испари водата што ќе ја пушти спанаќот, додајте го сецканото лукче и малку масло.
Кратко запржете ги.
Намалете го огнот и додајте ги топеното сирење и павлаката за готвење.
Промешајте додека почне да се топи сирењето.
Исклучете го огнот и додајте ги сварените макарони и малку од водата во која се вареле.
Наросете малку црн бибер, измешајте и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани