Се наближуваат новогодишните празници,а со нив и подготовката на колачињата.
Оваа година повеќе видови на ситни колачи ќе ја красат мојата трпеза.
Еве го рецептот за овој тип на колачиња.
Подготовката стандардна,само што овој пат тестото не го ставаме во ладилник, туку дирекно го месиме и сукаме.
Тешко е за изработка, зашто е убаво и меко, но при сукањето пука.
Се работи внимателно,а притоа се сука со дебелина од пола прст, значи не тенки.
Ги редиме на хартија за печење и печеме во претходно загреана рерна.Штом малку пожолтат се вадат и се оставаат во тавчето да се изладат.
Потоа се наросуваат со мешавина од цимет и шеќер во прав
Јас за да добијам еднаква смеса ставам една лажица шеќер и една половина лажица цимет во цедалче за чај,па наизменино наросувам.
На здравје и среќни празници

Забелешка
Тешки се во месењето и изработката,но за вкусот кој ќе го добиете, вреди да се помачите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови