Вкусна киселка зимница, погодна како прилог со печење, пити пастмајлии.......
Најпрво се мијат пиперчињата и со нож им се отстрануваат дршките.
Се редат во чисти тегли едно до друго.
Во тенџере на оган се ставаат да провријаат 3-4 минути, водата, солта, шеќерот.
Се трга тенџерето од оган и се додаваат оцетот, конзервансот и винобран.
Сето се промешува и со топлата течност се полнат теглите.
Убаво се затвораат и се редат на рафт со останатата зимница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани