Обожавам риба, секаква и припремена на секаков начин. Секако, припремата на риба на скара е секогаш предизвик, баш заради тоа што лесно може да се залепи на решетката и да се искини. Затоа секогаш кога правите риба, решетката треба да биде добро загреана и премачкана со масло.

Припремата е едноставна, а најдобро е да се користи свежа риба.

1. Лососот исечкајте го на филети. Потоа посолете го и додадете лимонов сок и малку масло.
2. Оставете ги филетите половина час да постојат и потоа наредете ги на вжештената скара. Се печат по неколку минути од двете страни.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови