Овие кифли одлично одат во комбинација со новогодишната Руска салата )))
Јас уште си ги нарекувам микс бидејќи што не содржат, мислам на млеко, јогурт, минерална вода...Превкусни се, одкако го добив рецептот од една моја роднина, редовно ги правам... Топло ви ги препорачувам.
Во длабок сад се активираат квасеците со 2 лажичиња шеќер, млекото и малку брашно. Се додаваат сите наведени состојки, сем маргаринот и се замесува средно-меко тесто.(Брашно нешто повеќе од 1кг..)Кога убаво ќе се измеси тестото, веднаш се работи.
Се дели на 6 дела-пупалиња. Исто и маргаринот го делиме на 6 дела.
Од 3 пупалиња се отвора правоаголна кора, која се премачкува со еден дел од маргаринот, на тој начин што се мачка, па дипли, повеќе пати, со преклопување, додека се дојде до мало правоаголниче.
Од останатите 3 пупалиња се отвора тркалезна кора, која се премачкува со делче од маргаринот, но сега цело се троши наеднаш, значи се премачкува целата површина и се засекува зракесто, пришто се преклопуваат сите делчиња, едно врз друго и се формира топче.
Може да се стават во комора за замрзнување 20-30мин, или пак да се почни да се работат првите направени правоаголничиња.
Од правоаголничињата се отвораат правоаголни кори и се сечат коцки-околу 12 на кој едниот крај им се рецка и се виткаат во ролатче.
А, од топчињата се отвора тркалезна кора и се сечи на 12 дела-триаголничиња од кои се виткаат стандард кифлички.
Се редат во намрсен плех, се мачкаат со јајце, наросуваат сусам и се оставаат да надојдат пред печење, некои 15-20-25 мин., зависи од топлината во просторијата.
Се печат на 200 околу 20 мин..

Ќе ме извинете, немам доплнителни фотографии, многу брзав овој пат...
Исто можи да си ги направите со филче-сиренце, сиренце и спанаќ, што милувате-превкусни се.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани