Ваквите лиснати пити ми се многу практични. Ставаш лиснато тесто и го полниш со што сакаш.
Брзо, а секогаш вкусно.

Подготовка

1. Во тава на оган ставете малку маслиново масло и тиквата исечена на коцки. Пропржете ја на среден оган околу 5 мунути. Потоа додајте малку вода, посолете, поклопете со капак и оставете да се динста додека сосема малку омекне. Тргнете ја од оган и оставете да се подолади.

2. Во сад со вилушка изматете ги јајцата. Додајте ја рикотата, пармезанот, рузмаринот, малку сол и повеќе црн бибер. Измешајте убаво.

3. Во округол калап (26цм, обложен со хартија) ставете го лиснатото тесто. Избоцкајте го по целата површина со вилушка. Нанесете ја тиквата, посипете со малку пармезан и над тиквата нанесете ја смесата од јајца и рикота. Краевите преклопете ги навнатре.

4. Печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани