Лесна, сочна, вкусна, овошна торта, идеална за лето.

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот и потоа додадете млеко и масло, продолжете со матење. На крај додадете просеано брашно со прашок за пециво, измешајте со дрвена лажица.

Смесата истурете ја во тавче 20 на 30 цм, јас користев Делимано коперлукс тава која е нелеплива и не ја ни премачкав ниту ја обложив со хартија. Ако вашата тава е леплива или се сомневате дека е, тогаш премачкајте ја со малку масло или обложете ја со хартија за печење.

Печете на 180 степени 15-20 мин.

За тоа време ставете ги чистите лупени и исечкани праски на четвртини (или помали) со 1 литар вода и шеќерот да варат додека не омекнат.

Времето на варење е отприлика исто со времето на печење на пандишпанот, така што кога пандишпанот е готов, врз него распоредете го омекнатото овошје, а во водата во која се вареа праските, додадете ги пудинзите (претходно растворени во сосема малку ладна вода) и варете неколку минути до згуснување. Вака подготвениот пудинг нанесете го одозгора врз праските и распоредете убаво.

Откако ќе се олади, нанесете одозгора шлаг крем и ставете убаво да се излади во фрижидер.

Мене најубава ми е тортата следниот ден. Може да ја подготвите и со црвено овошје, со кајсии, со црни сливи е исто така одлична итн. Излегуваат 12 големи парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови