Многу лесен рецепт како брзо да подготвите колачи кој се навистина едноставни но вкусни.
Најпрво, во еден сад ставете ги водата и маслото, како и прашокот за пециво. Потоа, добро промешајте, па додате го брашното. Целата смеса промешајте ја убаво со лажица, а потоа замесете ја со рака, додека не добиете хомогена смеса.
Поделете го тестото на 4 топчиња со еднаква големина. Од секое топче расукајте кора, па исечете ја на осминки (како што е прикажано на сликата).
На секое парче ставете малку мармалад (по ваш избор, во случајов јас искористив од сливи), па потоа свиткајте ги осминките во вид на кифлички.
Колачите наредете ги во тава (покриена со харитја за печење).
Печете додека колачите не поруменат (околу 25-30 мин.) на 200 степени.
Додека се сеуште топли, валајте ги во шеќер во прав, помешан со ванилин шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани