Лесен колач, лесен за правење, не се пече, а лесен и за јадење.

1. Половина од млекото заедно со шеќерот ги ставаме да почнат да вријат.
2. Во другата половина ги додаваме останатите состојки, освен путерот и лешниците. Убаво ги промешуваме и кога млекото ќе почне да врие ги ставаме во него.
3. Со постојано мешање постепено ги додаваме и мелените лешници.
4. Кога смесата ќе се згусне, ја тргаме на страна и го ставаме путерот. Мешаме додека да се стопи.
5. Кремот го оставаме да се излади, ама може и топол да биде, па потоа ги ставаме мелените и кршените бисквити. Мешаме и потоа ја формираме смесата по желба, кај мене беше во форма на ролат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани