1. Се меси од сите состојки меко тесто и се прават 10 топчиња. Се сука тесто во големина на тацна се премачкува маргарин. Така се прави и со останатите 9 топчиња. Само на горната кора не се премачкува. Значи 10 теста 9 премачкувања.

2. Потоа кога ќе бидат едно врз друго се сука поголема кора колку тепсијата, се премачкува со сенф и поросува со оригано. Сега се става над тестото една чаша за да се оформи круг. Се сечат ленти од средината нанадвор и се вртат во спирали.

3. Се пече на 200С - 20мин.

Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани