Подготовка
1. Индиските ореви киснети неколку часа ги блендираме заедно со медот, путерот и рибизлите.
2. Откако убаво ќе се изблендира смесата ја ставаме кратко во замрзнувач. Ја вадиме и со алатка за вадење топки сладолед, формираме топчиња и ги ставаме на силиконска подлога или најлонска фолија.
3. Ги враќаме во замрзнувач да се стегнат.
4. За чоколадизирање го ставаме путерот на средна температура, па откако ќе се стопи го додаваме какаото, промешуваме интензивно за да нема грутчиња и потоа го додаваме медот. Промешуваме и го оставаме некоја минута да излади.
5. Топчињата ги вадиме од замрзнувач и секое го пуштаме во чоколадната смеса.
6. Ги вадиме и повторно кратко ги враќаме во замрзнувач. Десертот е спремен за дегустација.

Забелешка
Ако немате шеќер со ваков вкус ставете ѓумбир во прав и мелени аранчини или пак ако сакате уште поосвежително да ви биде сок од лимон и кора...Откако ќе изблендирате пробајте на вкус можеби ќе сакате поблаго да ви биде. Можете да ги направите и во калап за пралини. Ако го замените медот со агаве или друг засладувач десертов е веган.