Леб кој плени со првото залаче. Леб кој многу едноставно и лесно се прави, долго за задржува свежината па дури и другиот ден е сунѓерест и мек со крцкава кора, исто како сега изваден од рерна. Свежина и мекост му дава ржаното брашно и компирот.
1. Во длабок сад се става брашното и варените рендани компири. Во нив се додава ржаното брашно и интегралното брашно заедно со стасаниот квасец(јас не го стасувам). Се додава солта и шеќерот и се почнува со додавање на млака вода за замесување. Убаво се изработува тестото и се остава покриено да се одмори околу 30мин на топло.
2. Се премесува уште еднаш и се остава да одмори пак. Кога двапати ќе стаса се замесуват топчиња и се оставаат во тава покриени да нараснат. Се печат во загреана рерна на 180С 40мин .
3.Кога ќе биде готов се покрива со платнена крпа, па врз неа кеса или најлонска фолија и пак друга крпа. Потоа само со крпа додека да олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани