1. Во млака вода се раствора квасецот со солта и шеќерот, се остава да нарасне.
2. Во сад за месење се ставаат брашното, семките и сусамот, како и сол по вкус. Убаво се промешува, се прави дупка во средината и се додава стасаниот кавасец.
3. Со млака вода по потреба се замесува тесто и се става да нарасне, потоа повторно се размеува и се остава на 1 час.
4. Од нараснатото тесто се прави лебче и се става во тавче со фолија. Се пече на 200 степени 20 минути; па на 180 степени 35-40 минути. Печениот леб се покрива со крпа и да стои така барем 1 час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови