Во млако млеко ставете го квасецот и размешајте го, оставете го на топло да се запени.
Во поголем сад за месење ставете 800 гр. брашно, инстант пирето и солта. Измешајте.
Во средината направете дупка и ставете го маслото, киселата вода и запенатиот квасец.
Додадeте го и шеќeрот мешајте со дрвена лажица да се спои.
На набрашнета работна маса префрлете го тестото и месете по потреба додадете брашно. Внимавајте при додавањето, треба да добиете меко тесто што малку се лепи за рацете треба подолго време да месите отприлика 5-10 минути.
Садот во кој што сте меселе намрсете го со масло и ставете го убаво изработеното тесто. Покријте го со најлонче и крпа. Оставете го тестото на топло место да стасува 1 час или повеќе. Привремено премесувајте.
Кога тесто е стасано извадете го од садот и малку превртете од една кон друга страна само малку. Ставете го тестото во долгнавест калап 30х10 см. обложен со хартија или намрсен и побрашнет. Оставете го тестото на топло.
Тестото можете да го онликувате и со рака во вид на векна или погача.

Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее. Кога е загреана ставете го тестото да се пече.
Печете 50-60 мин,.додека се испече. При печењето вратницата на рерната не ја отворајте, бидејќи доаѓа до промена на температурата и може да ви пукне лебот.

Кога е печен извадете го и малку попрскајте го со вода и покријте го со крпа да се олади.

Во тестото може да додадете јајце и да го премачкате пред печење, може да посипете со сусам.

Може да се работи и во посна верзија-млекото заменете го со вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови