Вкусен, сунгерест леб со мека кора...

Подготовка
Ако имате апарат за месење леб можете да го замесите лепчево во него.
Ако немате ставете ги сувите состојки во еден сад, па со млаката вода измесете меко тесто. Оставете го да стаса, да се дуплира, па размесете го и ставете го повторно да стаса. Откако повторно ќе стаса месете го пак, па поделете го на два дела и формирајте две векни. Додека стасува во набрашнета тава вклучете ја рерната на 220 степени. Откако ќе го испечете можете да го навлажните со вода или пак само прекријте го со чиста крпа. Така ќе биде помека кората.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани