Квасецот растворете го со малку вода, брашно и шеќерот.
Во сад ставете ги пченкарното и белото брашно, солта, маслото, јогуртот и растворениот квасец и со постепено додавање на водата замесите средно не лепливо тесто. Количината на водата зависи од густината на јогуртот затоа додавајте по потреба.
Тестото оставете го да скисне на топло (најдобро на тенџере со топла вода) околу еден час. Потоа префрлете го на набрашнета површина, размесете две долгнавести лебчина и ставете ги во набрашнето плехче.
Оставете ги да скиснат 35 мин и ставете ги да се печат на 200 степени околу 50-60 минути.
Готовите лебчина покријте ги и оставете ги да смекнат и оладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани