1. Во длабок сад се става брашното, солта и квасецот, промешуваме. Постепено ја додаваме водата и мешаме со дрвена лажица додека не се соединат водата и брашното , да се добие меко тесто.
2. Тестото го покриваме со крпа, оставаме да стои во топла просторија 18-24 часа.
3. Откако ќе нарасне на набрашнета површина го ставаме тестото, со раце го влечиме од четири страни и на средина ги преклопуваме. Тестото го оставаме да нарасне уште 2 часа, со преклопената страна од долу.
4. После 2 часа тенџерето во кое ќе го печиме лебот го ставаме во рерна на 220 степени да се загрее. Откако ќе се загрее рерната го вадиме тенџерето , лебот го префрламе во тенџерето, така што преклопената страна ќе ни биде горе. Врз тенџерето ставаме алуминиумска фолија, печиме со неа 30 минути, ја вадиме и без неа уште 15 минути

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани