Во загреано масло го пропржуваме пасираниот кромид.
Го додваме меленото месо и пржиме на тивка температура.
Ги додаваме рузмарин и печурките.
Откако добро го пропрживме месото, го додаваме доматното пире.
Оставаме 5 минути да крчка на потивко.
Во сад ги разматуваме фант сосовите за болоњезе, заедно со 800 мл вода и откако се добро размешани ги додаваме во садот на оган.
Мешаме и оставаме да покрчкаат.
Во тавата нанесуваме дел од филов ,а потоа ги редиме лазањите.
Ред лазањи ред фил.
Тавата оди на печење во загреана рерна.
Пред крајот се мати павлаката со јајцата и се полева врз лазањите.
Оставете уште 5 минути во рерна, а потоа насладете се добро со вкусотијата.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови