Постапка
Лаваш
- Замесето тесто од сите наведени состојки, покријте го и нека одлежи 30 мин.
- Размесете го одмореното тесто кое е еластично и податливо за работа. Поделете на 5- петеднакви делови.
- На работната пов површина сукајте што е можно потенки тенки кори без разлика дали ќе се округли или правоаголни.
- Печете ги на загреана тавка (најдобро за палачинките со дијаметар 35) или друга поголема тавка... и тоа по 1-2 минути од секоја страна, тргнете на страна, премачкајте со вода и покријте со крпа. Се така додека сите се испечат.
Полнење
Додека се одмара тестото вие пригответе го месото и тоа додавајки ги во него исецканиот кромид и сите останати состојки, добро измесете го. Поделете на 5 еднакви дела.
- Земате една печена питка, на половината од неа премачкајте од месото, преклопете и пржете ги од двете страни на сосема малку намаслена тавка - не е потребно многу масло.
Ова јас го нарекувам мрзлив бурек, одлично, крцкаво.
Напомена
- Водата треба да биде потопола од вообичаено кога замесуваме тесто.
- Јас го поделив тестото на 8 - осум дела поради тавката во која ќе ги печам а и мислам дека подобро е ако се помали.
- Треба да останат бели - внимавајте да не ги прегорите, нека се на потивок оган.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани