Прво се подготвува мусот од црно чоколадо.
Една кесичка(10 гр.) желатин се прелива со 3 супени лажици ладна вода и се остава на неколку минути. На тивок оган се загреваат 100 мл. млеко и 2 лажици кафеав шеќер(се додека шеќерот се стопи). Се трга од оган и му се додава црното чоколадо (предходно искршено на коцки), желатинот и неколку капки ванила екстракт. Се меша се додека не се добие хомогена смеса. Се остава да се олади до собна температура.

150 мл.слатка павлака се бие во цврста пена, се намалува брзината на миксерот и се додава чоколадната смеса. Убаво се соединува.

За овој десерт потребни ви се два сада со различна големина.
Внатрешноста на помалиот сад обложете ја со најлонска фолија и истурете го чоколадниот мус. Убаво израмнете и оставете го околу 2 часа во замрзнувач.
Истата постапка се повторува и со белиот мус.

1 кесичка желатин се потура со 3 лажици вода и се остава. На оган, се загрева 100 мл.млеко и 2 лажици шеќер. Се трга и се додава белото чоколадо, набабрениот желатин и ванилата. Убаво се меша, се остава малку да олади, па се додава во предходно избиена 350мл.слатка павлака.
Во голем сад со кружно дно, се става најлонска фолија. Готовите ролати се сечат на парчиња со дебелина од 1см. и се редат по дното и ѕидовите на садот. Врз нив се истура белиот мус.
Црниот мус пак се вади од садот, се трга фолијата и се превртува во средината, врз белиот. Малку се притиска за да потоне подлабоко и да се израмни.
Врвот, поточно дното на куполата, се прекрива со ред парчиња ролат. Убаво се затвора со фолијата и се остава 2 часа во фрижидер.
Стегнатата купола се превртува и и се отстранува фолијата. Се премачкува со благо растопен мармалад од кајсии или се поросува со какао во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани